Како се прават лажни вести?

На 21 април годинава Челзи Клинтон ќе добие награда за нејзиниот ангажман во Алијансата за поздрава генерација што се залага за поттикнување на децата да развијат здрави навики на исхрана.

Наградата што беше соопштена вчера се вика Lifetime Impact Award (Награда за влијание на Lifetime) бидејќи се доделува во партнерство со ТВ-мрежата Lifetime.

За жал, некои нестрпливи и слабо информирани твитерџии, а потоа и новинари и медиуми како The Hill, Heat Street и Death and Taxes, не успеаја да ја најдат поврзаноста.

Напротив, ја форсираа идејата дека Клинтон добива (со мала буква) награда за животно дело (lifetime achievement award) на само 37 години. Тоа веднаш наиде на бура од критики, особено од оние кои веќе не ја сакаат Челзи Клинтон.

До крајот на денот, откако сите сфатија дека станува збор за елементарна неписменост, почна бурата од исправки и извинувања. Правопис е зезната работа.

Овој инцидент укажа на неколку важни работи во врска со информирањето и известувањето денес.

Прво, најчесто заради сензационализам се поттикнува ширење на погрешни информации, познати како "лажни вести".

Второ, го потенцира проблемот, особено на онлајн медиумите, со проверување на фактите пред да се објави веста, бидејќи е "многу полесно" веста веднаш да се избрише или ажурира. Но, штетата е веќе направена. Ваквите информации и вести веќе циркулирале до одреден број луѓе и влијаеле врз формирањето на јавното и личното мислење.

Трето, поразително е новинар да не слушнал за ТВ-мрежата Lifetime, што укажува на многу пошироки непознавања од писменост.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе