Камчев излегува од притвор, прифатена гаранцијата од скоро 11 милиони евра

Бизнисменот Јордан Камчев, обвинет во случајот „Плацови на Водно“ излегува од притвор, потврдија за МИА од Апелацискиот суд Скопје.

Оттаму посочија дека Кривичниот совет на Апелацискиот суд одлучил да ја прифати гаранцијата за Камчев од скоро 11 милиони евра, додека неговите патни исправи остануваат во судот, каде ќе треба редовно да се пријавува.

Од Апелација велат дека ќе треба да се завршат процедурите за запишување на хипотеката, по што Камчев ќе се брани од слобода.

Камчев од пред Нова година се наоѓа на лекување во болницата „Систина“. Тој е во притвор од март 2021 година, кога беше приведен под сомнение дека се подготвува за бегство.

Пред Нова година на слобода излезе и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој исто како и Камчев беше во притвор за случајот „Плацови на Водно”.

Првообвинет во случајот „Плацови на Водно“ е поранешниот премиер Никола Груевски, кој се гони дека присвоил 1,3 милиони евра од партиски донации со кои се купувани плацови на Водно. 

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Хроника

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Read more

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Read more

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе