Камчев побара да биде изземен како сведок, му бил нарушен кредибилитетот

Скопје, 18 март 2021 (МИА) – Јордан Камчев на денешното судско рочиште побара да се иземе од својството на сведок во случајот „Меѓународен сојуз”.

 

Своето барање Камчев, го надоврза со притворот што претходно му беше одреден.

– Ако ја кажам вистината… За кршење закон каде мојот кредибилитет како сведок е нарушен и нема да му бидам во корист на обвинителството, рече сведокот Камчев.

Ова барање беше отфрлено од обвинителката Ивана Трајчевска, која рече дека притворот е одреден за друг случај кој не е поврзан со овој судски предмет.

Во продолжение на својот исказ сведокот Јордан Камчев, рече дека првпат за Меѓународен сојуз разбрал во 2018 година. До него имало понудено две предлози еден за изградба фешн мол и другата за старечки дом.

– Во овој случај фалат и лицата Зоран Милески, Катица Јанева и нејзиниот син. Првиот не го прифатив бидејќи мислев дека нема економска логика. Вториот предлог за старечки дом исто го одбив. Ми беше кажано дека од ова има интерес синот на Катица Јанева и од тогаш почна тортурата врз мене, рече сведокот Камчев, кој додаде дека во документот било потпишувано лицето Лазар Јанев.

Камчев во судницата беше спроведен од Истражниот затвор во Шуто Оризари каде што издржува 30-дневен притвор.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (татко на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Агапи Дика сведочеше за нејзината улога во Меѓународен сојуз

Претседателот на Собранието на Меѓународен сојуз, Агапи Дика, денеска во Кривичниот суд Скопје сведочеше за нејзината улога во Меѓународниот сојуз и склучување на договори со правни лица.

Сведокот Дика, во Кривичниот суд Скопје, рече дека поврзаноста со Меѓународниот сојуз е преку Бојан Јовановски, (првообвинет, претседател на Меѓународен сојуз).

– На свечената средба што се одржа во просторите на Музејот на современа уметност, за Меѓународен сојуз, беа присутни угледни лица. Присуствуваше народниот правобранител, имаше лица од министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни, беше пратеникот Стефан Богоев. Бојан ми кажа дека седиштето на Меѓународен сојуз ќе биде во близина на Кривичен суд Скопје. На второ Собрание се склучија договори со ,,Дрим билдинг” и ,,Пелистер”. Проектите беа прекрасни. Верував во тие проекти. Меѓународен сојуз тука беше за менаџирање со овие проекти, рече сведокот Дика.

Таа воедно истакна дека за износот на договорите разбрала подоцна, односно по некое време барала да поднесе оставка од функцијата претседател на Собранието на Меѓународен сојуз.

Кажа дека пред првото собрание на Меѓународен сојуз, таа и Бојан Јовановски оствариле средба со премиерот Зоран Заев, при што го презентирале Акцискиот план.

– Средбата не траеше многу. Бевме на прием и во МВР, кај Оливер Спасовски. Мислам дека Бојан беше на прием и кај Мила Царовска. Така се зборуваше. Во МВР со Оливер Спасовски, се збореше за вмрежување на соработката на невладината Меѓународен сојуз Скопје и МВР, рече сведокот Дика. За финансирање на ова невладина сведокот Дика, наведе дека требаше да се финансират ад-хок фондови.

Сведокот Дика, на прашање на обвинетиот Бојан Јовановски, дали таа била во Управа на финансиска полиција, одговори дека тој ден била изиграна.

– Ми се јави Бојан Јовановски, дека треба да одам во Финансиска полиција. Отидов и тие се чудеа зошто сум отишла. Таму ме познаваа многу луѓе. Тогаш разбрав дека некои пари што се заробени. Сумата не се кажа. Се зборуваше за голема сума. Таму бевме со Јасна Мандиќ, рече сведокот Агапи Дика.

реклама

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more
 

Вести

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе