Караџовски: Да ги почитуваме мерките, политиката да ја тргнеме настрана

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски смета дека зголемувањето на бројката на заразени со коронавирусот е резултат на непочитувањето на превентивните мерки, како неносење заштитни маски, непочитување на групирањето, и семејните собирања за ифтарските вечери и Рамазан Бајрам.

-На 25 мај имаше 16 случаи и тогаш започнавме со олабавување на мерките. Тој ден предложивме од утредента намалување на одредени мерки со кои го „ослободивме“ населението од  рестрикциите што ги имавме воведено. Меѓутоа, она што се случи по 26 мај, исклучиво согласно епидемиолошките анкети, што досега сме ги направиле, се должи на тотално непочитување на одредени превентивни мерки што ги дадовме како препорака од Комисијата за заразни болести и министерот за здравство, а тоа се носење на заштитна маска, спречување на групирање повеќе од две лица што ни се удри како бумеранг заради непочитување на мерките за време на верскиот празник Рамазам Бајрам и ифтарските вечери коишто се случуваа во тој период, рече Караџовски на денешната прес-конференција во Владата.

Како што гледаме, додаде тој, од тој период бројот на заболените почнува да се зголемува.

– Меѓутоа, веднаш да ве потсетам епидемиолошки дека бројките 52, 62, 89 и 100 не се на денот Рамазан Бајрам, туку тоа се на деновите наназад што биле за кои ве учев неколку пати – инкубацијата на овој вирус е од 1 до 14 дена, просечно 5,7 дена. Така што бројката 52, 62, 89 и 100 се однесува на 7 до 10 дена наназад кога имавме непочитување на овие мерки, а коишто беа дадени во препорака на јавноста за да ги почитува овие мерки. Како што гледате, вториот бран ни се појави сега, рече тој.

Првиот човек на Комисија апелираше да се почитуваат мерките со цел државата полесно и побрзо да се справи со коронавирусот, оти тоа, рече е единствениот начин.

-Второ, ве молам да ги почитуваме мерките. Само со доследно почитување на овие мерки можеме да испливаме од оваа вода. Ве молам да не дозволуваме самите себе да си пресудуваме во моменти кога цела Европа и цел свет ги намалува сите мерки, а ние да стискаме односно да воведуваме нови рестрикции. Верувам дека 20-ина отсто од населението сè уште не не сфаќа сериозно ниту нас, ниту болеста, рече Караџовски.

Ве молам, додаде тој „дајте, да сфатиме дека мерката за носење на заштитна опрема, дистанца од два метра е основата во цел свет. Никаде ништо се нема променето во овие мерките“. -Дајте да се здружиме сите заеднички и партии и политика и кои било други работи да ги тргнеме настрана, нагласи Караџовски.

Тој додаде дека Комисијата за заразни болести чиј претседател е тој изготвува свои протоколи и ги дава на министерот за здравство на усвојување на Влада. Ние, рече, сме стручно советодавно тело на министерот за здравство.

-Ние не сме влада на државава. Ние не сме луѓе коишто се директно инволвирани во донесувањето на одлуките. Главен кризен штаб на оваа држава ги донесува одлуките, рече тој.

Караџоски истакна дека добрата страна на ова зголемување е што најголем број на случаите се во познати кластери, кои како што рече се четириесеттина, како и тоа што има голем број асимптоматски случаи, или случаи со лесна клиничка слика, со помалку хоспитализации и помал број лица поставени на респиратор. 

-Ние му кажуваме на министерот Венко Филипче кое е нашето стручно размислување за одредени проблеми коишто се јавуваат во државата. Министерот има опција „А“ да не не тангира воопшто и да рече дечки вашето мислење го примив на знаење, ама јас на Влада ќе кажам нешто сосема трето. Второ, Главниот кризен штаб може секоја наша одлука да ја преиначи или дополни, рече Караџовски.

Во контекст на тоа,  посочи дека како што за одлуките Уставниот суд не се коментира, „така и ќе каже дека за одлуките на Главниот кризен штаб и на Владата не се коментира“.

-Ние не сме владини луѓе. Ние сме професионалци од областа. Јас сум 27 години професионалец, во 13 министерски влади што биле претходно, рече Караџовски.

На прашање дали чувствува одговорност за порастот на бројот на заболени од COVID-19, рече дека не убил некого па да чувствува одговорност.

-Сум давал стручно мислење за одредени проблеми во државата. Одговорност се случува оној момент кога некој ќе направи кривично дело. Мојот став бил секогаш стручен, издржан, епидемиолошки, а кој се сеќава на мојата последна изјава мојата идеологија е епидемиологија. И во владите на ВМРО-ДПМНЕ сум бил член на оваа Комисија и во владите на СДСМ и во владите кога верувам дека вие сте биле уште студентка, во 1993, 1994 година, рече Караџовски.

Посочи дека пред 27 години се борел со 20-30 епидемии. – Ланската година зборував 19 пати на телевизија за морбилите. Зошто тогаш не рековте дали има обврска или некаква морална да не речам и стручна одговорност кога промовирав вакцинација дека само со вакцинација ќе можеме да го победиме морбили вирусот. Зошто после 19 изјави мои во коишто бев сатанизиран од антивакс кампања, или сатанизиран што тоа предлагам после 55 илјади вакцини дадени во државава дали имаме сега морбили. Еве, одговорот е немаме морбили. Зошто? Ги победивме морбилите. Ниту тогаш сум чувствувал одговорност што сум излегол 19 пати на телевизија, ниту денеска чувствувам каква било одговорност. Се што работам, работам во интерес на државата. А колку пати не сум ручал, вечерал или дошол дома тоа јас знам. Ве молам, ова е оној некоректен однос кога некој некого обвинува за дело што го нема направено. Кога ќе ме прашате дали одговорност, обратното прашање не би знаел како јас да го поставам дали не чувствувам одговорност, истакна Караџовски.

Тој рече дека не го знае мотивот за тоа што го чита во медиумите дека ќе се собираат потписи за негово сменување.

-Министерот може утре сабајле да ме смени. Никогаш не сум добил скршена пара во 27 години колку што сум бил член во Комисијата, а посебно сега во овој момент кога сите работиме гратис и кога работиме под алтруизам и чувство да и помогнеме на државата, рече Караџовски.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе