Касами: Го немам контактирано Реџепи, немам информација каде се наоѓа

Претседателот на Беса Биљал Касами изјави денеска дека Движењето стои на ставовите за пад на овој режим и оти последните случувања со пратеникот Кастриот Реџепи докажуваат дека оваа власт е спремна на сè за да остане на овие позиции.

-Сè додека немам јасна слика и глас за пратеникот за својот став јас се сомневам дека тој против својата волја го има декларирано тоа што го има декларирано и не може да дојде во Собрание и да се искаже за својата политичка позиција, рече Касами.

Тој денеска, како што кажа, го нема контактирано Реџепи и нема информација каде се наоѓа.

-Вчера беше мојата последна информација и според целиот амбиент тој беше во рамки на позициите кои ги имавме како политичка партија, рече Касами.

Првиот човек на Движењето Беса истакна дека се додека Кастриот Реџепи не излезе и не каже дека тој став е негов и оти тоа е доброволно и нема некоја присилба, тој како човек и како претседател на Беса има право да се сомнева дека тој против својата волја се држи некаде и не може да дојде во Собрание и да излезе пред јавноста и да каже дека тоа е негов доброволен став.

Ако се потврди дека тоа е негов став, според Касами дополнително ќе се преземат мерки во партијата согласно статутот.

-Во моментов за нас е многу важно здравјето на пратеникот, да имаме комуникација за потоа да разговараме за другите опции, одговори на Касами на прашањето дали се преговара со други пратеници за обезбедување мнозинство за гласање доверба на Владата.

За тоа дали е пријавено исчезнувањето на пратеникот во полицијата, лидерот на Беса рече дека е во контакт со институциите и оти чека нивен одговор.

Касами претходно денеска во изјава за медиумите истакна дека не е изненаден од потегот на неговиот сопартиец, пратеникот Кастриот Реџепи.

Кастриот Реџепи, пратеник од Беса, кој беше потпишан на иницијативата за гласање доверба на Владата денеска не дојде на седницата и на својот Facebook профил напиша дека решил да не учествува на денешната седница на Собранието.

– Евроатлантскиот интегративен процес на државата е една моите и од основните цели на Движењето Беса. Имајќи ја предвид актуелната политичка состојба, оставката на премиерот Заев и заради процесот и силните пораки од стратешките партнери – САД и ЕУ, кои ми се соопштени од висок дипломатски претставник дека во месец декември државата има големи можности да добие датум за преговори со ЕУ, одлучив да не учествувам во оваа собраниска седница каде треба да се стави под прашалник оваа важна цел на државата и нацијата, наведе Реџепи во објавата. 

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе