Каспаров: Труењето на Навални е уште еден доказ дека за Путин атентатот е политика

Б.С.Б.
/ 21.08.2020 / 11:51

Славниот шахист Гари Каспаров не се сомнева дека лично Владимир Путин стои зад труењето на неговиот политички противник Алексеј Навални.

За вчерашниот инцидент во Омск, Каспаров синоќа објави серија твитови.

„Со труењето на Алексеј Навални уште еднаш се докажува дека атентатот за Путин е политика – во Русија и во странство. Не сакам да слушам никакви глупости за тоа дали Путин знаел за тоа, за отпаднати елементи или дека тој изгледа лошо. Путин не го интересира како тоа изгледа, тој е заинтересиран за тоа како функционира Тој очигледно смета дека тоа функционира, затоа што постојано тоа го прави“, напиша Каспаров на Twitter.

„Не ја навредувајте мојата интелигенција со предлози дека некој би можел нешто да му направи на Навални без одобрение од Путин. Истото важи и за убиството на Немцов, Политковскаја и Литвиненко. Никој не би презел таков ризик врз себе. Тоа е политика, и тоа е политиката на Путин”, напиша Каспаров.

„Владеењето на Путин со терор ќе продолжи сè додека не биде запрен. Диктаторите не застануваат сами. Но, во слободниот свет, сè уште има гласови кои повикуваат на ресетирање и ангажман – со други зборови, умилкување – тие имаат крв на рацете. Му посакувам на мојот сонародник Навални целосно и брзо закрепнување од труењето. И апелирам до слободниот свет да се обедини против најголемиот отров – диктатурата на Путин, наместо да чекаат тој повторно да нападне“, заклучи Каспаров.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе