Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 413 возачи.
Од нив, информираат од МВР, 64 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа, 202 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 211 надвор од населено место.
Само на територијата на главниот град Скопје билеа изречена 121 казна. Од вкупниот број санкции, за возење со брзина поголема од дозволената биле изречени 48 санкции, 14 за возење без возачка дозвола, 7 за возење под дејство на алкохол, 5 за користење мобилен телефон, 3 за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
МВР информира дека ќе ги продолжи засилените акциски контроли и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста на патиштата.