Скопје, 20 јули 2020 (МИА) – Санкционирани се 12 возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје, а привремено се одземени три мотоцикли во рамки на полициска акциска контрола.

– Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 19 јули и 20 јули во периодот од 18:00 до 02:00 часот спроведе акциска контрола за откривање возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје, соопштија денеска од МВР.