Кекеновски: Потребна е итна оставка на Бубевски и Спасовски после објавата на Ного за убиството на Вања

Универзитетскиот професорот Јове Кекеновски се огласи на Facebook и повика на инта оставка на шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски откако српскиот политичар Срѓан Ного во видео на YouTube ја обвини македонската полицијата и Обвинителство, тврдејќи дека се неспособни или пак, ги „монтираат“ причините и вистината за смртта на фризерот Панче Жежовски од Велес и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.

И сега што правиме? Вистината мора да излезе на виделина. После денешната објава на српскиот политичар Срѓан Ного јасно е дека за расчистување на случајот во врска со убиството на малата Вања и Панче и доаѓање до вистината и правдата потребно е под итно оставка на Бубевски и Спасовски“, напиша Кекеновски.

Политичарот Ного вели дека е наместен таткото на Вања Ѓорчевска. Според Ного, таткото на Вања е многу богат човек и не му требала позајмица од неговата поранешна сопруга, како што е информацијата која е пласирана во јавноста. Таткото на Вања имал станови вредни половина милион евра, не пиел, не се коцкал, а дрога не користел 30 години.

Ного вели дека според неговите информации, а и според досега познатите докази, станува збор за нарачано убиство во кое Љупчо Палевски и неговата банда се само егзекутори, а македонските институции не се способни да го најдат нарачателот, ниту, пак, да ги откријат мотивите за тоа.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе