Хаос на германските аеродроми: Илјадници изгубени куфери, откажани летови

Сред сезона на летни одмори, на германските аеродроми се трупа багажот што не им е доставен на сопствениците поради недостиг на персонал, јавуваат германските новински агенции.

Само на аеродромот во Минхен, според dpa, биле депонирани неколку илјади парчиња багаж кои биле изгубени на пат до нивните сопственици.

На најголемиот германски аеродром во Франкфурт на Мајна бројот на куфери кои не им биле предадени на сопствениците достигна неколку илјади. Како една од причините, покрај недостигот на персонал, управата на аеродромот во Франкфурт го издвојува и големиот број на задоцнети летови. Lufthansa, која го опслужува аеродромот во Франкфурт како база, откажа дополнителни летови додека не се смири ситуацијата со натрупаните куфери.

Третиот по големина аеродром во земјата, оној во Диселдорф, не може да го процени бројот на изгубени куфери кои се наоѓаат во магацините на овој западногермански аеродром, туку се повикува на авиокомпаниите, кои водат статистика за изгубениот багаж.

Слична е ситуацијата и со помалите аеродроми како оние во Хамбург, Хановер или Штутгарт, кои во актуелниот период на почетокот на летните одмори во многу сојузни држави се на работ на капацитетот.

Се чека со часови

Во меѓувреме, критиките за хаотичната ситуација на германските аеродроми, каде што треба да чекате со часови за да го предадете багажот, како и безбедносните проверки, од авиокомпаниите и аеродромските администрации, делумно беа упатени и кон германската влада.

„Ситуацијата на германските аеродроми одамна е предвидлива. Зошто на германската влада ѝ требаат пет недели да издаде посебни дозволи за увоз на работници од Турција?“, изјави портпаролката на опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ Ања Карличек.

Таа вели дека надлежните министерства со недели ги игнорираат предупредувањата на туристичката индустрија и синдикатите за авиосообраќај.

Министерот за транспорт Фолкер Висинг ги отфрли критиките и рече дека владата одговорила во рок од неколку дена на барањата од туристичката индустрија да издаде привремени дозволи за увоз на работници од Турција, што ќе го намали драстичниот недостиг на работници на германските аеродроми.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе