Харисон Форд е жива легенда, наполни 79 години
Харисон Форд е еден од најдобро платените и најпопуларни актери во Холивуд. Денеска наполни 79 години. Роден е во 1942 година во Чикаго. Во текот на кариерата има добиено бројни награди.
Се прослави со улогата на Хан Соло во Star Wars, улога којашто ја репризираше во четири продолженија во период од 42 години. Глумеше и во култниот „Blade Runner“ во 1982 година.
Го знаеме и како Индијана Џонс, но се појави и во бројни акциони филмови и романтични драми.
Пред да стане актер работел како столар, денес тоа му е хоби. Сам си ја изградил куќата во Џексон Хол. Оженет е со 23 години помладата Калиста Флокхарт со која е во брак од 2010 година.