Хоакин Феникс ќе глуми во експлицитна геј љубовна драма

Тод Хајнс, режисерот на Far From Heaven и Carol, во интервју за Variety откри дека работи на нов филм со Хоакин Феникс.

Филмот сè уште нема наслов и е љубовна приказна меѓу двајца мажи, сместена во 30-тите, а главниот фокус ќе биде на сексуалната врска меѓу двајцата протагонисти. Еден од нив е американски домородец, а другиот е корумпиран полицаец од Лос Анџелес и заедно бегаат во Мексико.

„Интересно е што сè започна со Хоакин, кој имаше некои идеи, размислувања, прашања и слики. А тој потоа ми пријде и ме праша дали чувствувам некаква поврзаност со приказната. Му реков: ‘Да, ова е многу интересно.' Разговаравме на телефон и на крајот тоа се претвори во сценарио“, изјави Хајнс.

Режисерот исто така додаде дека Феникс инсистирал да ги поместат границите кога станува збор за прикажување на сексуални односи.

„Хоакин ја турка приказната сè повеќе и подалеку кон опасна територија, во сексуална смисла“, откри Хејнс.

Филмот ќе се снима во Мексико, а режисерот веќе почнал да работи со мексиканските филмаџии за да може да започне продукцијата што е можно поскоро. Снимањето треба да започне во летото 2024 година.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе