Хоспитализирани 1.313 ковид-пациенти во болниците во земјава

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 870 пациенти позитивни и сомнителни  на коронавирусот, соопшти Министерството за  здравство.

По извештаите на болниците кои дневно пристигнуваат во Министерството, во болницата во Битола се хоспитализирани 78 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти, на  инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 61 болен, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни на COVID-119.

Во ковид-центарот во Охрид хоспитализирани се 100 пациенти, во Прилеп 119, во ковид-центарот во Гостивар 66, а во Струга 34 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 75 пациенти, во Кочани 25 во Кичево 18, Кавадарци 54, во  Гевгелија 10 лица, а во Дебар седум позитивни и сомнителни на вирусот.

– Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.313 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид-центрите, информира Министерството за здравство, напомнувајќи дека  предвид треба да се има дека бројките се менуваат од час во час според направените приеми и дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство наведува дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе