Хоспитализирани 15 нови пациенти во ковид-центрите во Скопје

Скопје, 31 јануари 2021 (МИА) – Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 15 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало три нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника четири во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени пет оздравени пациенти.

Во моментов, на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на коронавирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 83 болни, а на Клиниката за инфективни болести 84 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти.

Вкупно 263 пациенти потврдени и сомнителни за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

-Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 105 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението од Министерството за здравство.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Македонија

Груевски ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството ги казни политиките што ги постави Заев

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Маричиќ: Оставаме во наследство подобра држава од онаа што ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните

Read more

Се намалува мазутот, цените на дизелот и бензините остануваат непроменети

Read more
 

Вести

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Читај повеќе

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Читај повеќе
  • filter

Голем протест во Шведска: Не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета

Читај повеќе

Симфонија на трајни вредности: концерт на Мизар и Хармосини во Македонска филхармонија

Читај повеќе

Груевски ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството ги казни политиките што ги постави Заев

Читај повеќе

Ги прскала со вода за да ја намалат вревата во Гази Баба, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Читај повеќе
  • play_arrow

Украина изведе најдлабок напад во Русија, погоди рафинерија оддалечена 1.500 км

Читај повеќе

Маричиќ: Оставаме во наследство подобра држава од онаа што ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните

Читај повеќе