Две момчиња киднапирале малолетничка па ја пуштиле. Девојчето му било девојка на едното од момчињата.
На 30.05.2023 околу 2:30 часот, полициски службеници на СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б. (21) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 20:00 часот на 29.05.2023 на ул. „Мирче Ацев“, заедно со Б.П. (21) од Скопје со употреба на сила внеле во возило 17-годишна малолетничка од Скопје, со која Б.П. бил во љубовна врска, а набргу потоа Б.П. и малолетничката се симнале од возилото и заминале.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.