Киев го насанка Западот: Украинците ја напаѓаат Русија со оружје на НАТО

Макфакс
/ 05.06.2023 / 15:41

Упадот на украинските диверзанти во регионот Белгород во Русија уште еднаш го покрена прашањето како Киев го користи оружјето доставено од НАТО, пренесува RT Balkan.

Така, Зеленски ќе мора да ѝ поднесе сметка на Белгија по реакциите на белгискиот премиер Александер Де Кро кој посочи дека неговата земја ќе побара од Украина да ги објасни извештаите во кои се наведува дека во западните делови на руската територија биле користени белгиски пушки.

„Нашето Министерство за одбрана и разузнавачките агенции започнаа истрага за да се утврди што точно се случило. Европското оружје се доставува до Украина под услов да се користи на територијата на Украина, за одбрана на украинската територија. Бараме од Украинците да ја разјаснат ситуацијата“, рече Де Кро, истовремено одбивајќи да прецизира со какви последици ќе се соочи Киев ако се докаже дека ги игнорирал договорите.

Белгија, меѓутоа, не е единствената земја што Киев ја насанкал, а The Washington Post објави список на сите земји чија вооружена помош била злоупотребена надвор од границите на Украина.

Во упадот во Белгород биле користени најмалку четири тактички возила кои на Киев му ги дале САД и Полска, признале американски претставници.

Припадниците на Легијата за слободна Русија и Рускиот волонтерски корпус, неонацистичка единица под команда на Киев која го изврши упадот преку руската граница, ги користеле гореспоменатите белгиски пушки како и пушки обезбедени од Чешка и најмалку еден противтенковски ракетен фрлач АТ4 што го користат западните трупи.

„Американските и западните претставници инсистираат Украина внимателно да го следи оружјето во вредност од милијарди долари што пристигнало во земјата. Сојузниците на Киев во голема мера им забранија на украинските сили да користат западно оружје и опрема за напади на руска територија“, пишува The Washington Post, посочувајќи дека неодамнешниот напад врз Русија го покажа слабиот надзор над употребата на ова оружје.

На прашањето за употребата на американска опрема за прекугранични напади, портпаролот на Стејт департментот рече дека САД не ги охрабруваат или олеснуваат нападите во Русија.

„Бевме јасни дека не ја поддржуваме употребата на опрема од американско производство за напади во Русија. Нашиот фокус е да ѝ обезбедиме на Украина опрема и обука што ѝ се потребни за повторно преземање на нивната суверена територија, и токму тоа го направивме“, рече тој.

Тој додаде дека секоја земја носи суверени одлуки за тоа каква помош ќе ѝ пружи на Украина и какви услови ѝ наметнува за тоа оружје, но посочи и дека многу други земји побарале од Украинците да го користат оружјето само за одбрана.

Политичкиот координатор на субверзивната и проукраинска Легија на слободна Русија, Илја Пономарјов, призна дека навистина има ограничувања за користење на западната опрема, но се обидел и да се оправда, тврдејќи дека станува збор за оружје кое Русите прво им го одзеле на Украинците, а потоа тие го вратиле.

Рускиот волонтерски корпус негирал дека користел западно оружје за време на нападите, но The Washington Post ги демантирал тврдењата ангажирајќи експерт кој ги прегледал фотографиите од Белгород и открил дека корпусот користел чешки пушки Bren како и белгиски јуришни FN SCAR.

Весникот наведува дека белгородската „епизода“ покренува прашања за одговорноста, како и за тоа колку САД се подготвени да го толерираат својот сојузник Зеленски.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе