Кина го предупреди НАТО

Кина денеска го повика НАТО да не „излегува од своите географски параметри“, додавајќи дека северноатлантската алијанса „се проширува од крајот на Студената војна“.

„Како регионална организација, НАТО треба да остане во рамките на своите географски параметри и не треба да се обидува да наметнува правила што ѝ одговараат или да се обидува да прошири, па дури и да премине одредени граници“, рече Жао Лиѓијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, на денешната прес-конференција во Пекинг.

Тој го обвини НАТО за „зголемување на бројот на интервенции во низа цивилни домени, вклучувајќи климатски промени, инфраструктура, технолошки иновации, синџири на снабдување, здравје и енергија“.

„НАТО ја надмина својата колективна одбранбена клаузула во доменот на интернетот и вселената, со кои треба да се занимаваат ОН и специјализираните меѓународни институции“, додаде кинескиот функционер.

Кинезите реагираа на изјавата на генералниот секретар на НАТО

Кинеското Министерство на тој начин одговори на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој во понеделникот во Шпанија рече дека „сојузниците го диверзифицираат своето снабдување“, додавајќи дека тоа е „добро за нашата безбедност“.

„Отпорноста и заштитата на нашите општества и инфраструктура сега се многу високо на агендата на НАТО“, рече Столтенберг, осврнувајќи се на новиот стратегиски концепт на НАТО претставен на самитот на Алијансата претходно оваа година во Мадрид.

„Нашиот сегашен стратешки концепт се однесува на предизвиците што Кина ги поставува за нашата безбедност, нашите вредности и интереси. Дел од тоа е свесноста за тоа колку Кина се приближува и се обидува да контролира критични делови од нашите општества“, рече Столтенберг.

Предупредување

Сепак, Кина денеска соопшти дека „развојот на глобалниот индустриски синџир на снабдување е резултат не само на законите на пазарот, туку и на деловни одлуки“.

„Во последните години Кина разви здрава соработка, заснована на принципите на еднаквост, во соодветни области и со компании и земји од различни региони, вклучително и членки на НАТО, што беше заемно корисно.

Воведувањето идеолошки разлики во економската и трговската соработка и исцртување линии за разграничување врз основа на вредности не е во интерес на меѓународната заедница и може да биде контрапродуктивно“, рече Жао.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе