Кина „ослободува“ 100 милијарди долари од банките, берзите во колапс

Кинеските берзи се во колапс откако инвеститорите ги вознемири одлуката на Народната банка на Кина драстично да го намали нивото на задолжителни резерви на банките, како дел од намерата да го поттикне растот на стопанството.

Банката вчера ја најави мерката за намалување на нивото на задолжителни резерви, односно количеството на пари во кеш што повеќето комерцијални банки мора да го имаат во централната банка, објави CNBC.

Актуелното ниво на задолжителни резерви изнесува 15,5% за големите институции и 13,5% за помалите банки, а од 15 октомври ќе биде намалено за 100 базични поени, соопшти централната банка.

„Намалувањето на задолжителните резерви за 1,0% беше неочекувано бидејќи ќе се ослободат околу 700 милијарди јуани (околу 101,72 милијарди долари) во кинескиот банкарски систем“, оценува Френсис Лун од Geo Securities.

„Тоа се навистина многу пари. Сметам дека владата е загрижена дека стопанството ќе забави и дека берзата на акции ќе падне“, вели Лун.

Поголемиот дел од берзите во континентална Кина денес беа паднати по ваквата одлука, а индексите во Шангај и Шенжен изгубија повеќе од 3,0% од вредноста во текот на тргувањето.

Вредноста на акциите на сите водечки банки во Кина исто така падна по одлуката на Народната банка на Кина – на Industrial and Commercial Bank of China за 3,8%, на Chia Construction за 4,0%,  а на Agricultural Bank of China за 2,5%.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе