Кит Урбан: Бев зависник, Никол ми го спаси животот

Кантри пејачот Кит Урбан со години водеше битка со зависности, која вели дека завршила кога ја запознал сопругата Никол Кидман, за која тврди дека му го спасила животот.

Бидејќи дрогата и алкохолот се чести „сојузници“ во светот на славните, тоа не го заобиколи Кит Урбан, кој долго време беше во заробеништво на зависностите.

Сепак, од пеколот го извлекла сопругата Никол Кидман, која препознала какви битки води Кит. Иако неколкупати побарал помош во клиника за рехабилитација, последната, посетата само четири месеци по нивната венчавка во 2006 година, била последната.

Тогаш пејачот си признал како тоа можело да го чини бракот со Никол.

„Мојот нов брак потоа се распадна. Чудо е што успеа да преживее. Со Никол духовно се разбудив. Велам дека повторно сум роден со неа и така се чувствувам. За првпат во животот успеав да се ослободам од оковите на зависноста“, изјави пејачот.

Благодарност до сопругата за љубовта и поддршката, Кит ѝ изразил и со песната „Thank You“.

„Благодарен сум ти за мојот живот и му благодарам на Бога за милоста што ми стана жена“, е дел од текстот на песната.

Remote video URL

Урбан призна дека му е драго што го завршил тоа поглавје од неговиот живот, но и дека тоа не влијаело на неговата креативност.

„Морав да најдам поинаков начин да преживеам во светот. Мило ми е што не влијаеше на мојата музика. Напишав многу песни додека бев пијан. Пишував и трезен. Среќен сум што тоа не ја дефинира мојата креативност“, рече Урбан.

Врз неговата зависност имало влијание и фактот дека татко му бил алкохоличар.

„Татко ми беше алкохоличар. Пораснав во таква куќа и ми требаше долго време да сфатам дека и самиот сум зависник. Не пиев како него, па долго време се споредував со него. Но, конечно успеав да направам избор во мојот живот, кој би сакал да го направеше и татко ми“, додаде пејачот чиј татко почина во 2015 година.

Урбан ретко зборува низ што поминал, а тврди дека денес му е најважно на својата публика да ѝ понуди добра музика и забава.

Никол и Кит, кои заедно ги имаат ќерките Сандеј и Фејт, минатата година прославија 15 години брак, а по тој повод Кит на социјалните мрежи сподели фотографија со романтичен опис.

„Среќна годишнина, девојко. Мојот живот започна кога рече ‘да’ на денешен ден, пред 5.475 дена“, напиша тогаш тој.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Keith Urban (@keithurban)

реклама

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Музика

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Read more

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе