Клаудио Раниери: За жал мојот сон умре

Пoранешниот менаџер на Лестер, Клаудио Раниери, вели дека со отказот кој го добил умрел и неговиот сон.

Италијанскиот тренер девет месеци по сензационалното освојување на титулата во Премиер лигата вчера неочекувано доби отказ.

Лошите резултати во Премиер лигата, каде Лестер се наоѓа на само еден бод од опасната зона, но и бунтот на најголемите ѕвезди, Каспер Шмајхел и Џејми Варди, се причините поради кои тренерот на годината според ФИФА доби отказ.

На Раниери не му помогна ниту успехот кој го постигна во Лигата на шампионите, Лестер како прв во групата мина во осминафиналето и има реални шанси да се пласира меѓу најдобрите осум, бидејќи првиот меч во Севилја го загуби со 2:1.

„Вчера умре мојот сон. По еуфоријата од минатата сезона, кога ја освоивме титулата во Премиер лигата, сонував само да останам во Лестер, клуб кој неизмерно го сакам, засекогаш. За жал тоа нема да се случи.

Би сакал да и се заблагодарам на мојата жена Росана и на сите членови на моето семејство, чија поддршка секогаш ја имав додека бев на клупата на Лестер. Благодарност и до моите помошници, Паоло и Андреа, кои ме пратеа на ова волшебно патување. Исто така им благодарам на Стив Кутнер и Франк Гранел кои ми овозможија да станам шампион.

Сепак најголема благодарност упатувам до Лестер Сити.

„Авантурата која ја преживеавме беше неверојатна и засекогаш ќе живее со мене. Им благодарам и на сите новинари, на медиумите ширум светот, кои не следеа на нашиот пат и со задоволство ја пренесуваа најголемата фудбалска приказна во историјата.

Од се срце уште еднаш ќе им се заблагодарам на сите во клубот, на играчите, персоналот и насите кои беа дел од она што постигнавме.

Посебна благодарност и за навивачите. Ми примивте во своите срца од првиот ден и ме засакавте. Ве сакам и јас вас. Никој никогаш нема да може да ни го одземе она што заедно го постигнавме и се надевам дека секој ден со насмевка се сеќавате на тоа, како што јас тоа го правам.

Беше тоа време исполнето со преубави моменти и среќа кои никогаш нема да ги заборавам. Ми беше чест и задоволство заедно со вас да бидам шампион“, изјави тој.

Инаку Лестер се уште нема одлучено кој ќе наследи Раниери на менаџерската позиција, се шпекулира со неколку имиња како Роберто Манчини, Алан Пардју, Мартин О’Нил. 

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе