Кои лекови треба да се подготват во случај на нуклеарен напад?

Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави публикација која обезбедува ажурирана листа на лекови чии залихи треба да се подготват во случај на нуклеарна опасност и изложеност на радијација.

Залихите треба да вклучуваат лекови кои ја спречуваат или намалуваат изложеноста на радијација, но и тие кои ги олеснуваат здравствените проблеми откако лицето веќе било изложено на зрачење.

„Во итни случаи со зрачење, луѓето можат да бидат изложени на зрачење во дози кои се движат од занемарливи до опасни по живот. Владите мора да обезбедат итно лекување на тие на кои им е потребно“, рече д-р Марија Неира, вршител на должноста помошник генерален директор на СЗО.

„Клучно е владите да бидат подготвени да го заштитат здравјето на населението и веднаш да реагираат во итни случаи. Тоа вклучува подготвување залихи со лекови кои ќе спасат животи, кои ќе ги намалат ризиците и ќе ги лекуваат последиците од здрачењето“, додаде Неира.

Оваа публикација го заменува извештајот на СЗО од 2007 година за развојот на националните резерви за итни случаи на радијација и содржи ажурирани информации засновани на истражувањата во последната деценија.

На списокот има лекови кои можат да го спречат или намалат внесот на радионуклиди или да ја зголемат елиминацијата на радионуклиди од човечкото тело. Исто така, во публикацијата се анализираат главните елементи кои се потребни за развој, одржување и управување со национални залихи на специфични медицински материјали кои ќе бидат потребни во случај на нуклеарен напад.

Типични лекови кои би требало да се користат во случаи на изложеност на радиоактивно зрачење се: стабилен јод, кој се применува за да се спречи или намали изложеноста на тироидната жлезда на радиоактивен јод, цинков или калциумов диетилентриамин пента-ацетат (DTPA) кој се користи за лекување на внатрешна контаминација со трансурански радионуклиди, цитокини кои се користат за ублажување на оштетувањето на коскената срцевина, во случај на акутен радијациски синдром… и други лекови кои се користат за лекување при повраќање, дијареа и инфекции.

„Важно е националните влади да реагираат што е можно побрзо“, посочуваат од СЗО.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе