Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е учесник на Светското првенство во Катар со најмногу следбеници на социјалните мрежи.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед во моментов на Instagram го следат повеќе од 496 милиони луѓе, а статусот на ѕвезда го стекна со сопствената напорна работа во текот на фантастичната кариера во која постави голем број на неверојатни спортски рекорди.
Често учествува во хуманитарни активности и во овој поглед важи за најдарежлив спортист.
Одличниот Аргентинец Лионел Меси е зад Роналдо со 372 милиони следбеници на Instagram. Меси го држи својот приватен живот подалеку од јавноста, а е оженет со девојка која ја познава од детството.
Со сите негови работи раководат членови на семејството, додека од почетокот на кариерата соработува со УНИЦЕФ и го финансира лекувањето на децата ширум светот.
Бразилецот Нејмар е трет со 181 милион следбеници на Инстаграм, додека топ пет го заокружуваат Французинот Карим Бензема со 60,4 милиони и Велшанецот Гарет Бејл со 48,3 милиони следбеници.
Учесници на СП со најмногу следбеници:
Кристијано Роналдо (Португалија) - Instagram: 495 милиони, Twitter: 194,6 милиони, Facebook: 154 милиони
Лионел Меси (Аргентина) – Instagram: 372 милиони, Twitter: 3,1 милиони (TeamMessi), Facebook: 106 милиони
Нејмар (Бразил) - Instagram: 181 милиони, Twitter: 59 милиони, Facebook: 88 милиони
Карим Бензема (Франција) - Instagram: 60,4 милиони, Twitter: 18,2 милиони, Facebook: 43 милиони
Гарет Бејл (Велс) - Instagram: 48,3 милиони, Twitter: 19 милиони, Facebook: 33 милиони
Килјан Мбапе (Франција) - 73,2 милиони, Twitter: 8,9 милиони, Facebook: 15 милиони
Луис Суарес (Уругвај) - Instagram: 44,5 милиони, Twitter: 17,3 милиони, Facebook 18 милиони.