Кој е новиот „ковид генерал“ во Германија?

Германија, која со денови ги предупредува граѓаните дека ќе ги „преплави нов бран на корона во јануари“, ангажираше „ковид генерал“.

Земјата е тешко погодена од четвртиот бран на коронавирус, во кој доминантен е делта сојот, а следниот, петти бран ќе биде голем предизвик за новата коалициска влада на социјалдемократите, зелените и либералите предводена од канцеларот Олаф Шолц.

Веќе се воведени нови мерки, а се апелира и ограничување на бројот на контакти за време на Божик, како и тестирање пред вакви и други средби со луѓе надвор од сопственото опкружување.

„Пандемијата не поминува толку брзо како што се надевавме“, рече Шолц, кој им порача на граѓаните дека Германија е во „средна фаза“ кога станува збор за епидемиолошката ситуација и дека се очекува нагло зголемување на нови инфекции поради омикрон варијантата.

Шолц, исто така, рече дека само вакцинацијата со бустер дози ќе обезбеди заштита од варијантата омикрон. Затоа за кампањата за вакцинација го ангажираше ни помалку, ни повеќе, генералот на германската армија Карстен Бројер, кој беше поставен за началник на кризниот штаб во кабинетот на германскиот канцелар.

Кој е Бројер?

Примарна задача на 56-годишниот Бројер е да постигне многу подобра вакцинација во Германија, а во медиумите веќе го доби прекарот „ковид генерал“.

Важи за експерт за логистика со долгогодишно искуство во управување со кризи. Неговата сегашна команда, која е одговорна за распоредување на германската армија во земјата, помогна и во катастрофите со снегот и поплавите.

Бројер служел и како командант на КФОР во Косово, кога бил на позиција во седиштето на НАТО во Брисел, а извесно време поминал и во Авганистан. Во 2018 година го презеде раководството на Командата за територијални задачи на германската армија (Бундесвер), која управува со 20.000 војници.

Задачата на Бројер е да обезбеди побрзо темпо на вакцинација, со подобра организација.

„Повеќе не сакаме да нè води бран инфекции, туку бран вакцинации кои ги одредуваат настаните: тоа е целта на кризниот штаб“, рече Бројер.

А за да се постигне целта од 30 милиони вакцинирани до Нова година, Броер сака да одржи висока стапка на вакцинација за време на Божик. „Неделата пред и неделата по Божик се од големо значење“, рече Бројер.

Рече и дека на Божик ќе дежура. „Се разбира дека ќе бидам во Кризниот штаб на Бадник и Божик. Ситуацијата во земјата го прави тоа неопходно“, рече тој.

Во секој случај, на генералот му претстои голем предизвик - од него зависи како Германија ќе го издржи четвртиот бран на пандемијата, но и дали почетокот на мандатот на новиот канцелар ќе се смета за успех или новата влада ќе стане уште една жртва на пандемијата.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе