Кој е всушност Сергеј Скрипал?

Додека трае студеновоениот конфликт меѓу Русија и Западот, поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал оздравува од труењето.

Што се знае за човекот кој еднаш поради пари ја издаде Русија, а потоа имаше среќа да излезе од затвор?

Сергеј Викторовиќ Скрипал (66) за прв пат вниманието на британската тајна служба го привлече додека работеше во Мадрид, во канцеларијата на военото аташе на руската воена известувачка служба GRU.

Роден е во руската енклава Калининград 1951 година, рано влезе во армијата, за потоа да премине во GRU. Најпрво како динамичен и способен агент се докажа во Малта, а потоа беше испратен во Мадрид.

Таму шпанската тајна служба веќе го имаше во својот тефтер како потенцијален соработник, но на крајот заврши кај Британците.

Тоа беше во ерата на Борис Елцин, кога на Русија пред се и недостигаа пари. Агентите кои работеа во странство со месеци не примаа плата. Токму тоа, ако треба да му веруваме на текстот кој стои во рускиот портал „L!fe“, била главната причина поради која Скрипал барал западен работодавец.

Шпански агент под кодно име Луис, пишува во споменатиот руски портал, прв остварил контакт со Скрипал и се спријателил со него. Од рускиот агент побарал да пронајде партнери кои би му го потпомогнале извозот на шпанско вино во Русија, додека тој, Скрипал, за тоа би добил провизија.

На тој начин се запознал и со агент на британската служба MI6. Како што тврдат британските медиуми, службата MI6 му го дала кодното име Forthwith, што може да се преведе како „веднаш“ или „без одложување“.

Скрипал наводно, прво ги „нахранил“ Британците со податоци околу состаноците и локациите на руските агенти, врз основа на што голем број на агенти беа протерани од европските земји.

„Ме надигравте“

Сергеј Скрипал, меѓутоа, истовремено имал здравствени проблеми поради кои бил вратен во централата на GRU во Москва. Таму му бил дијагностициран дијабетес. Тој го напуштил GRU во 2000 година, но продолжил да работи за локалните власти на Москва и на странските работодавци да им испраќа доверливи информации.

Се пишува дека Скрипал најмногу се грижел за тоа да биде редовно и добро платен. Редовно летал од Москва во Малага, каде би престојувал во куќа која му ја обезбедувала британската служба MI6. Таму чекал исплата.

Во Москва е уапсен во 2004 година, недолго после една посета на Велика Британија. Домашната руска служба FSB тврдеше дека Скрипал работел за Британците уште од 1995 година.

„Ме надигравте“, наводно така им рекол тогаш Скрипал на руските агенти.

Се верува дека двојната игра на Скрипал ја пријавил шпански шпион Роберто Флорез Гарсија, кој во својата земја бил осуден поради предавство.

Големата размена

Обвинението две години подоцна го дочека и Скрипал – „велепредавство и форма на шпионажа“, поради што е осуден на 13 години затвор со високо обезбедување. Му беа одземени чинот и сите привилегии. Но казната, според тогашните принципи, била протолкувана како релативно блага, бидејќи Скрипал соработувал со руските полициски органи.

Тој имаше среќа кога во 2010 година Американците разоткрија мрежа од десет руски шпиони меѓу кои беше и познатата Ана Чепмен. Тие се заменети за четири западни шпиони кои Русија ги чуваше – меѓу нив беше и Скрипал. Тогашниот руски претседател Димитриј Медведев официјално му изрече помилување.

Американците го одбраа Скрипал за сметка на Владата во Лондон, па тој одбра да живее во Англија, во јужниот град Солсбери. Таму купи куќа, но во наредните години претрпе низа на семејни трагедии.

Неговата сопруга Људмила почина во 2012 година од рак на матката. Синот му почина минатиот јули, на 43 години, за време на патување во Санкт Петербург. Причината за смртта не е позната.

Скрипал остана и без братот Валери, точно две години пред тој и неговата ќерка Јулија да бидат пронајдени отруени на клупа во еден парк во Солсбери.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе