Кој го нарача убиството на претседателот на Хаити?

Полицијата на Хаити соопшти дека го уапсила осомничениот организатор на атентатот врз претседателот Жовенел Моиз.

Уапсен е лекар од Хаити, кој живее во Флорида, САД, изјави на прес-конференција полицискиот командант Леон Шарл. Осомничените убијци му се јавиле по атентатот, рече Шарл. Лекарот е трет американски државјанин со потекло од Хаити и еден од вкупно 21 лице приведени како осомничени во случајот. Тој во моментов се смета за мозокот на операцијата.

Другите двајца, исто така, наводно живеат во Флорида, која е оддалечена од Хаити околу илјада милји. Другите 18 осомничени во притвор се по потекло од Колумбија. Полицијата соопшти дека во атентатот на претседателот учествувале 26 колумбиски платеници, а тројца биле убиени.

Да потсетиме, 53-годишниот Моиз беше убиен минатата среда во неговата резиденција во Порт-о-Пренс. Неговата сопруга Мартен беше тешко ранета и пренесена на Флорида на лекување. Причините за нападот сè уште не се познати.

Моиз, кој управуваше со земјата од 2017 година, беше крајно непопуларен. Го обвинуваа за корупција, поврзаност со банди и дека имал автократски склоности. Сиромашната карипска држава веќе е зафатена од борба за моќ.

Двајца веќе се прогласија за привремени премиери, а сенатот во петокот го избра својот лидер за привремен наследник на Моиз.

За септември се најавени претседателски и парламентарни избори во земјата.

Тагови
реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе