Koj ќе го наследи Вучиќ? СНС добива нов лидер

Српската напредна партија денеска во 12 часот во Крагуевац одржува партиско собрание на кое ќе изберат нов претседател и раководство.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа на митинг во Белград соопшти дека од денеска повеќе нема да биде претседател на Српската напредна странка.

„Ова е последната вечер кога ќе ви се придружам како претседател на СНС“, рече Вучиќ на митингот во Белград.

Тој кажа дека од денеска Српската напредна странка ќе има некој друг на чело, а тој ќе биде само „претседател на сите граѓани“, а не претседател на политичка партија.

Како што дознава N1 од членовите на СНС кои ќе учествуваат на собранието на партијата, никој не го добил дневниот ред пред собранието, како и листата на кандидати за потенцијални наследници на Вучиќ.

Неофицијално се споменува дека воопшто нема да се избира еден претседател на партија, туку дека со партијата ќе раководи колективно тело составено од три или пет члена.

Меѓу кандидатите кои се споменуваат прв како најсигурен е министерот за одбрана Милош Вучевиќ. Потенцијално во тоа колективно тело би можеле да бидат министерот за финансии Синиша Мали, како и премиерката Ана Брнабиќ, пишува N1.

Сепак, иако Брнабиќ важеше за еден од кандидатите, некои членови на СНС сè повеќе веруваат дека таа ќе се откаже од трката по нејзините недамнешни јавни настапи.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Регион

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Read more

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Читај повеќе

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Читај повеќе

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе