Ќе се аплицира до 30 април

Комисијата за финансирање го одобри петтиот пакет антикризни мерки

Фирмите и самостојните вршители на дејност за помош за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки ќе може да аплицираат до 30 април годинава. Пролонгирањето е направено преку усвоени амандмани денеска на Комсисијата за финансирање и буџет, на која беа прифатени законските решенија од петиот пакет антикризни мерки.

Фото: КАЈГАНА

Поради доцнењето на усвојувањето на мерките, прифатен е едногласно амандманот на Законот за финансиска поддршка за самостојни вршители на дејност за месеците февруари и март, по скратена постапка, како и на законот за финансиска поддршка на работодавачите.

За оваа помош можат да аплицираат самостојни вршители на дејност и работодавачи на кои им се намалил профитот за 30 отсто, а ќе мораат да вратат 50 отсто од средствата или да ги реинвестираат.

Беше прифатен и амандман на Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза заради исплата на платите за февруари и март, со којшто ќе се овозможи за помош да можат да аплицираат и компании кои се целосно затворени или работат до 50 отсто од нивниот капацитет.

На Комисијата не беа прифатени амандманите на ВМРО-ДПМНЕ со кои се бараше помошта да биде за февруари, март, април и мај, парите да се префрлат директно на трансакциска сметка на работниците, а средствата да бидат неповратни.

Според заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски мерките од петтиот пакет мерки се влезени во Буџетот и не може да се продолжат за месеците април и мај и дека платата на работиците се исплаќа преку работодавачите.

Комисијата за финансирање и буџет денеска прифатија и уште еден амандман со којшто се овозможува граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници до 31 мај да аплицираат за помош од шест илјади денари. Оваа мерка беше предвидена во рамките на четвртиот пакет антикризни мерки на Владата.

На почетокот на седницата претседателот на Комисијата информираше дека поднесените амандамни од АА и Алтернатива се повлечени. Тоа се случи откако беше постигнат договор за Закон за државјанство.

Сè уште нема информација кога Собранието ќе ги одржи седниците на кои треба да бидат усвоени овие законски решенија. 

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе