Конкурентност на пазарот на гас, се заокружуваат подзаконските акти

Проблемот со „Макпетрол“ е надминат и компанијата ќе си доставува понуди во текот на следните денови до сите потрошувачи, информираше вчера претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски, по состанокот на кој  бил постигнат договор процесот на либерализација на пазарот на гас да почне како што е предвидено.

Претходно од „Макпетрол“ најавија дека нема да увезуваат гас, поради, како што оценија, избрзаната одлука за промена на правилата на пазарот. Во меѓувреме „ЕСМ продажба“ објави повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина природен гас за производство на топлинска енергија за топланите „Исток“, „Запад“, „Енергетика“ и „Скопје Север“, како и за останатите потрошувачи на природен гас во државата, пред се поголемите производствени и услужни капацитети.

Како што истакна Бислимовски, гас ќе има, а конкурентоста ќе биде обезбедена од 1 јануари идната година од кога ќе важат новите правила на пазарот. Потрошувачите, појасни тој, треба да знаат дека „Макпетрол“ нема да функционира како досега, туку ќе им доставува номинации и доколку отстапуваат, односно земат повеќе, за тоа ќе си платат дополнително, но не на „Макпетрол“, туку на преносниот систем оператор ГА-МА.

– „Макпетрол“ се согласи со овој пристап, бидејќи на некој начин одредени ризици што беа кај снабдувачите се тргнати со вклучувањето на ГА-МА. Значи, ризиците кои што беа на снабдувачите, да не се соочат со проблеми со ликвидност доколку не плаќаат одредени потрошувачи, ќе ги преземе државата преку ГА-МА, но верувам дека тоа ќе бидат мали отстапувања и оти на тој начин ќе го решиме проблемот, рече претседателот на РКЕ во телевизиско гостување.

На состанокот со државните компании НЕР и ГА-МА, како и трговците, снабдувачите и потрошувачите се усогласиле дека процесот како што е предвиден ќе почне. Но, појасни Бислимоски, за да се тргнат одредени ризици кои би се јавиле кај новите снабдувачи со природен гас, овозможено е поактивна улога да земе и ГА-МА или новата компанија што ќе се формира наредната недела и да преземат обврска да им помогнат на потрошувачите да доставуваат номинации, како и при одредени технички работи.

– Со тоа овозможивме трговците и снабдувачите заедно да работат со потрошувачите во јануари со цел да се релаксира ситуацијата, изјави Бислимоски.

Тој вели дека сите учесници на пазарот биле повикани цело време да го следат текот на подготовката на новите подзаконски акти и биле информирани дека од 1 јануари тие ќе стапат во сила и треба да учествуваат според новите правила.

– Државата го има договорот со „Газпром“ и апсолутно си го почитува до крај. Овој дополнителен капацитет од 500 илјади нормални кубни метри за којшто  „Булгартрансгаз“ и ГА-МА помогнаа да се зголеми, ќе биде предмет на аукција и за тој капацитет ќе може да се јават, а и веќе се јавиле од бугарска страна двајца трговци со природен гас коишто го закупиле. Тие штом го закупиле сигурно дале пари за тоа се и заинтересирани да влезат и на нашиот пазар за природен гас. Значи, тие 800 илјади нормални кубни метри остануваат во функција и „Газпром“ преку компанијата „Макпетрол“ може да ги стави на располагање на македонските потрошувачи, изјави Бислимоски.

И премиерот Димитар Ковачевски вчера увери дека парно за граѓаните и гас за компаниите ќе има и по 1 јануари, порачувајќи дека либерализацијата на пазарот е неопходна.

– Системот мора да функционира, а во енергетиката функционира затоа што согласно Законот секој кој користи гас има обврска да има и алтернативно гориво, токму поради вакви ситуации, изјави Ковачевски и порача дека во енергетска криза сите мора да се однесуваат одговорно со пристап кон работата кој не вклучува уцени.

По евентуалната имплементација на забелешките на подзаконските акти за снабдување со природен гас од вчерашната расправа, РКЕ во текот на следната недела на седница треба да ги одобри новите правила кои ќе стапат во сила од 1 јануари.

Нивната изработка е почната уште од септември годинава и со тоа, според РКЕ, навреме биле запознаени сите засегнати страни, особено од октомври кога беше потпишан договорот меѓу ГА-МА и „Булгартрансгаз“ за зголемување на капацитетот на гасоводот за нови 500.000 нормални кубни метри на досегашните 800.000 нормални кубни метри, кои до 2030 година целосно ги имаше закупено руски „Газпром“. На бугарска страна веќе се пријавиле две компании заинтересирани за дистрибуција на гас во земјава.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе