КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2020

Косово дефинитивно без најдобриот голгетер доаѓа во Скопје

Надежите на Косово дека во последен момент ќе може да сметаат на голгетерот Ведат Муриќи паднаа во вода откако прегледите во Лацио покажаа дека не е во состојба да игра.

Селекторот Бернар Шаланд беше песимист околу доаѓањето на Муриќи, но целата косовска јасност, па и Федерацијата, до последен момет се надеваа дека голгетерот ќе успее и со минимум сили да дојде за важниот бараж.

Муриќи, откако дојде во Лацио пред месец дена од Фенербахче, се мачи со повреда, а едно време беше и во самоизолација поради позитивен тест на COVID-19. Карантинот додатно му направи проблем бидејќи не можеше нормално да ги одбработува тренизите за опоравување.

Синоќа лекарниот тим на Лацио му направи прегледи, кои на почеток дадоа оптимистички резултати дека ќе може веднаш да се качи на авион и да ѝ се приклучи на репрезентацијата, но потоа сето тоа падна во вода. Муриќи не е способен да игра, не само утре против Македонија, туку отпаѓа и за наредните два натпревара на Косово во Лигата на нации против Словенија и Грција.

„Последниот тест уште еднаш покажа дека дефинитивно нема шанси Муриќи да биде спремен за натпреварот во четврток против Македонија, ниту пак за наредните два натпревара кои нашиот тим ќе ги игра во Лигата на нации“, извести ФФК.

Со 8 голови Муриќи е најдобар стрелец во кратката историја на репрезентацијата на Косово. Претходно, исто поради повреда, отпадна и Милот Рашица, одличниот офанзивец на Вердер.

Се очекува Шаланд утре на „Тоше Проески“ да истрча со напаѓачот на кипарски АПОЕЛ, речиси 2 метра високиот Атде Нухиу.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе