Костадиновска-Стојчевска: Со кратењето на буџетот за култура нема да престанат инвестициите во објекти

Со ребалансот на буџетот кој пред извесен период беше изгласан во Собранието, кратењето на буџетот за култура изнесува 34,6 отсто и тоа е од програмскиот дел. Направивме кратења или пренамена на средства од оние ставки каде сметавме дека тоа е возможно и каде ќе биде најодржливо, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа појасни дека најголем дел од кратењата претрпел програмскиот дел на Министерството за култура.

-Се направија дополнителни кратења од буџетот на самото Министерство за култутра, а тоа беа средства кои беа предвидени за набавка на нова ИКТ опрема во Министерството за култура, награда за вработените во Министерството за култура, која следува и која постои во буџетот, а не по другите културни институции, за да можеме да ги одржиме оние проекти и оние корисници чија единствена заработка е токму преку Министерството за култура, а тоа е неазвисна сцена и други корисници, изјави Костадиновска-Стојчевска по денешната средба со медиумите.

Министерката за култура информира дека интензивно разговараат со сите национални установи доколку може да се покаже едно ниво на солидарност и да дозволат да биде скратен дел од нивната програма бидејќи овие кратења се прават за да се одржат платите на вработените во институциите за култура. Додаде дека вработените во Министерството се на ниво на јавна администрација и таму, како што рече, допрва нивното зголемување на плати треба да се регулира.

Костадиновска-Стојчевска образложи дека ова кратење на буџетот во Министерството за култура се направило и поради зголемените трошоци за електрична енергија, кое ресорното Министерство ги плаќа во име на институциите од култура.

Таа потенцира дека капиталните инвестиции ќе претрпат најмалку кратење, односно ќе има најмала пренамена на средства од капитални инвестиции во овој сегмент, дали за плати или за електрична енергија. Додаде дека за да имаме активна културна сцена треба да имаме институции кои тоа ќе го овозможат бидејќи и другите корисници ги остваруваат своите проекти најчество во институции од културата.

Министерката за култура нагласи дека нема да престанат инвестициите во објекти, односно во подобрување на објекти и изградба на нови објекти во областа на културата.

Костадиновска-Стојчевска информира дека е откриена нова пратка на македонски икони.

-Во тој процес на реституција со Република Албанија на веќе украдени икони, токму кога тој процес на 25 икони се заокружи, откривме нова пратка на икони, каде од 45 икони, веќе 23 или 24 се идентификувани дека се наши. Направивме тим од Министерство за култура и Управа за заштита на културно наследство кои веќе се испратени на терен и работат на препознавање на остатокот од иконите, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Таа информира дека треба да имаме подобри законски решенија за тоа како овие процеси понатаму ќе се решаваат и додаде оти сега има само комуникација меѓу инволвирани министерствата од Северна Македонија и од Албанија. Најави дека во овој дел ќе имаат помош од Американската амбасада во земјава.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Култура

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе