Ковачевски најави дека ќе се бара оптимална цена за тестовите за COVID-19

Во разговори со претставници на јавното здравство и на приватните здравствени установи треба да се бара начин за формирање на оптимална цена на тестовите за COVID-19, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашање како ќе се подобри состојбата со оглед дека тестови нема во државните установи, а граѓаните алармираат на високи цени во приватните центри, премиерот кажа дека веќе разговарале со министерот за здравство Беким Сали дека бројот на тестови за COVID-19 во јавното здравство ги има во доволен број и во однос на цената во приватното здравство.

– Ние веќе разговараме со министерот за здравство во однос на количините на тестови кои што ги има во јавното здравство кои се на доволно ниво и во однос на цената која што се нуди во приватното здравство. И нормално ќе треба да се седне заедно и со оние кои што во приватното здравство ги нудат бидејќи се работи за приватни економски оператори и да се види која би можело да биде оптималната цена која би можеле да ја имаме оваа есен бидејќи како што гледаме короната се уште е присутна во светски рамки не само кај нас. Бројките растат, истакна Ковачевски од Тетово.

Според него, добро е што е створено одредено ниво на колективен имунитет во општеството.

– Со тоа болничките капацитети не се преоптеретени како што беше при првите бранови, особено во 2020 година. Целиот здравствен сектор е подготвен, нашите здравствените работници имаат искуство во однос на справувањето, исто така и граѓаните имаат поголемо искуство во однос на сличната заштита и третирање, изјави Ковачевски.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе