Магазинот People го прогласи актерот Крис Еванс за најсекси маж во светот за 2022 година.
Минатата година истата титула му припадна на актерот Пол Рад.
„Мајка ми ќе биде пресреќна. Горда е на сѐ што работам, но ова е нешто со кое навистина може да се пофали“, вели Крис.
Актерот требаше да ја има оваа титула и пред две години, но од магазинот People мислеа дека е подобро да почекаат една година затоа што Еванс на интернет случајно објави фотографија од неговиот пенис. Во 2020 година Крис наместо видео на Instagram објави разголена фотографија.
Реагираше брзо, фотографијата ја избриша, но залудно бидејќи истото беше објавено на Twitter, па фотографиите станаа вирални.
Четириесет и едногодишниот Еванс е американски актер, најпознат по улогата на Капетан Америка во Marvel филмовите. Во 2014 година имаше режисерско деби во филмот „Before We Go“, во кој исто и глумеше.
Дали ви се допаѓа изборот?