Кривична пријава од Општина Битола за поранешниот битолски градоначалник

Општина Битола поднесе кривична пријава против поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески заради злоупотреба на службената положба при донесувањето акт за легализација на Планинарскиот дом „Копанки“ која според локалната власт е незаконита.

На прес-конференција во Општина Битола, градоначалничката Наташа Петровска соопшти дека кривична пријава е поднесена и против други лица и очекува побрзо решавање на судскиот процес.

– Општина Битола поднесе кривична пријава против претходниот градоначалник на Општина Битола и други лица заради злоупотреба на службена положба, функција односно позиција од која е донесен акт кој правно не е издржан, а е поврзан со легализацијата на планинарскиот дом „Копанки“. Oчекувам институциите од судството да овозможат што побрза разрешница на овој предмет, затоа што станува збор за објект со исклучителна важност за општината, односно за граѓаните на Општина Битола, изјави Петровска.

На прес-конференцијата во Битола градоначалничката воедно соопшти дека донела решение со кое е поништена легализацијата, односно документот со кој таа била овозможена.

-Како градоначалник донесов Решение со кое ја поништив легализацијата која што претходно беше донесена за Планинарскиот дом „Копанки“. После тоа засегната страна, односно планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ поднесе жалба до Министерството за транспорт и врски, а Министерството за транспорт и врски се произнесе и донесе Решение со кое што утврди дека жалбата на ПСК „Пелистер“ е неоснована, рече Петровска и најави дека Општина Битола е подготвена целосно да го реконструира планинарскиот дом „Копанки“ по завршувањето на судскиот процес.

Замолувам, порача градоначалничката Петровска, судството побрзо да ги решава сите судски спорови кои одамна се почнати, а до денес не го виделе светлото на денот бидејќи излегувањето на правдата на виделина е во интерес на сите граѓани.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе