Kрунисан новиот британски монарх, кралот Чарлс III

Макфакс
/ 06.05.2023 / 14:14

Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска денеска официјално доби нов монарх – кралот Чарлс III. На церемонијата пред високите личности во Вестминстерската опатија во Лондон, на кралот му беше доделена круната на Свети Едвард, која ќе ја носи само еднаш во животот.

Во салата се слушаше „Боже чувај го кралот“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Makfax (@makfax.mk)

Претходно, со рацете на Библија, новиот крал положи заклетва, ветувајќи дека за време на неговото владеење ќе ги почитува законите и англиканската црква и дека ќе биде „лојален протестант“.

Чарлс ја наследи својата мајка, кралицата Елизабета II, која почина минатата година.

Во исто време, сопругата на Чарлс, Камила, повеќе нема да ја носи титулата сопруга-кралица, туку само кралица.

За разлика од крунисувањето на Елизабета во 1953 година, кога имаше околу 8.000 гости, оваа церемонија беше нешто поскромна - во Вестминстерската опатија имаше околу 2.000 гости, меѓу нив имаше државници, претставници на верски заедници, актери, пејачи и други познати личности, како и Џил Бајден, сопруга на американскиот претседател Џозеф Бајден и Олена Зеленскаја, сопруга на украинскиот претседател Володимир Зеленскиј.

Во времето на крунисувањето на Елизабета, Чарлс бил само дете.

Во изминатите 900 години крунисувањата се одржуваа во Вестминстерската опатија - Вилијам Освојувачот беше првиот монарх што беше крунисан таму, а Чарлс е четириесеттиот.

Откако се заколна во Англиканската црква, на кралот му беше даден блескав златен капут да го носи - наречен Супертуника.

Тој седна на столчето за крунисување, познато и како столот на Свети Едвард или столот на кралот Едвард, за кој се верува дека е најстарото парче мебел во Велика Британија и се користело за крунисување на вкупно 26 монарси.

За време на овој дел од церемонијата, грчкиот хор пееше во знак на почит на таткото на кралот.

На кралот потоа му беше даден меч со скапоцени камења, а архиепископот од Кентербери му рекол да го користи за „правда, да престане беззаконието, да ја заштити Светата Божја црква и сите луѓе со добра волја“.

Со неговото официјално назначување за крал, Чарлс стана и шеф на Комонвелтот, асоцијација од 56 независни земји и 2,4 милијарди луѓе.

За 14 од овие земји, како и за Обединетото Кралство, кралот е шеф на државата.

Овие земји, познати како царства на Комонвелтот, се: Австралија, Антигва и Барбуда, Бахами, Белиз, Канада, Гренада, Јамајка, Папуа Нова Гвинеја, Свети Кристофер и Невис, Света Луција, Свети Винсент и Гренадини, Нов Зеланд, Соломонски Острови и Тувалу .

Во последните години кралското семејство го тресат различни внатрешни проблеми, пред сѐ врската помеѓу принцот Хари, помладиот син на Чарлс, и остатокот од семејството.

Односите меѓу Хари и другите во семејството, пред сѐ неговиот брат Вилијам, се нарушени поради Меган Маркл, сопругата на Хари.

За Хари денеска, за време на церемонијата и на познатиот балкон на Бакингемската палата, немаше формална улога.

Тој се повлече од кралското семејство, односно од сите должности во 2020 година. Неговата сопруга Меган Маркл не стигнала ни во Лондон.

За разлика од неговиот брат, принцот Вилијам, Хари не носеше униформа.

Неколку месеци пред крунисувањето на неговиот татко, Хари ја објави книгата „Резерва“, во која објави низа тврдења и обвинувања против сопственото семејство.

Меѓу другото, тој напиша дека тој и Вилијам, по трагичната смрт на нивната мајка, принцезата Дијана, го молеле нивниот татко да не се ожени со Камила.

Тој напишал и дека татко му не го прегрнал кога Дијана загинала во сообраќајна несреќа во Париз, а поради Меган Маркл се степал со својот брат.

Принцот Хари изгледаше опуштено додека пристигнуваше во опатијата и разговараше со принцезата Беатрис и другите роднини.

Се верува дека ова е првпат да го види своето семејство по објавувањето на неговите контроверзни мемоари.

Тој пристигна во Лондон во петокот, но наводно ќе се врати во Америка, каде што сега живее, веднаш по церемонијата на крунисувањето за да присуствува на роденденот на неговиот син Арчи.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе