Терористот кој предизвика експлозија на главната железничка станица во Брисел е 36-годишен Мароканец, а куферот што експлодирал содржел плински боци и клинци, објави белгискиот федерален обвинител. Мароканецот никогаш не бил осомничен за тероризам.
Јавниот обвинител Ерик Ван Дер Сипт на прес-конференција изјави дека се врши претрес во неговиот дом во населбата Моленбек.
Терористот не носел експлозивен појас и веднаш штом извикал “Да живее Алах” бил застрелан од војничката патрола.