Кијану Ривс изјави дека најнепријатниот ден во неговата работа му бил кога морало да сними сцена со секс со сопругата на режисерот.
Омилениот холивудски актер тогаш го снимал филмот “Knock Knock”, чиј режисер е Ели Рот.
Во овој фил, Ривс го глуми архитектот Еван Вебер кој поминува ноќ далеку од своето семејство за да работи на проект. Почнува бура и во неговата куќа влегуваат две таинствени жени кои го заведуваат, а почнува играта на мачка и глушец.
Со Лоренца Изо и Ана де Ермас во главните улоги, ова би требало да биде едноставен филм за снимање. Но, Лоренца во тоа време му била сопруга на Рот (се разведоа во 2019) и Ривс во шоуто на Џими Кимел раскажа дека чувствувал непријатност додека ги снимал интимните сцени со сопругата на режисерот.