Куртоа на чекор до трансфер во Реал Мадрид

Мадрид, 6 август 2018 (МИА) - Трансферот на белгискиот голман Тибо Куртоа е пред финализирање, а се може да заврши во наредните неколку часа, кога голманот официјално ќе стане нов член на Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми.

На крајот одлучувачки се покажал човечкиот фактор. Тибо сака да живее во Шпанија, каде што се неговата сопруга и двете деца, па така практично раководството на тимот од Лондон е принудено да му даде зелено светло.
 
Од друга страна, ниту Челзи нема многу време за размислување. Трансфер пазарот завршува на 9 август на полноќ, па клубот од главниот град на Англија има само два дена да најде соодветно решение.
 
Ќе биде интересно да се види каква ќе биде иднината на Кејлор Навас, односно дали ќе се согласи да биде замена за Куртоа или ќе си ја побара среќата на друго место. Во тој случај, талентираниот Андреј Лунин (Украина) ќе стане резервна опција на голот на „Кралскиот клуб“.
 
Договорот на Куртоа со „сините“ истекува следното лето, така што ова е практично последната шанса за Челзи да добие пристојна сума од неговата продажба.
 
Белгиецот е член на Челзи уште од 2011 година, кога тимот плати на Генк 8,95 милиони евра, а потоа го испрати на тригодишен заем во Атлетико Мадрид. На „Стемфорд Бриџ“ стана прв голман во сезоната 2014/2015, и заклучно со минатата сезона, одигра 154 меча во дресот на лондонскиот клуб.
реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе