Лет со мини-модели на MD-11 патнички авион
Демонстративен лет на два авиона од типот McDonnell Douglas MD-11 во макетни примероци.
Моделите се во прилично голема димензија со должина од 3,9 метри и распон на крилјата од 3,3 метри. Се работи за еднотурбински мотор, а тежината на моделот е 20 килограми. Размерот е 1:16.
Снимката е од RC Airliner настанот во Опинген, Германија одржан во јуни минатата година.
MD-11 авионите се произведуваа од 1988 година од McDonnell Douglas компанијата, а од 1997 ги откупи Boeing кој во 2000 престана со производство поради слаба побарувачка. Денес се користат само за карго од страна на FedEx Express, Lufthansa, UPS Airlines и Western Global Airlines. Дизајнот е направен според многу попопуларниот DC-10.