Левица ја доби првата битка против Законот за двојазичност

По две години од поднесената Иницијатива пред Уставниот суд против Законот за двојазичност, кој беше прогласен без указ на Претседателот на Републиката, Судот за утре закажа подготвителна седница.

„По повеќе од две години од поднесената Иницијатива пред Уставниот суд на РМ против т.н. Закон за двојазичност, кој беше прогласен без указ на Претседателот на Републиката - Уставниот суд нѐ кани на подготвителна седница, која ќе се одржи утре (четврток, 18 март 2021 година), со почеток во 10:00 часот, во просториите на судот, а на која ќе присуствува и претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев“, соопштија од опозициската партија.

Левица на Уставен суд го оспори овој закон поради тоа што, како што велат, беше објавен без потпис на претседателот на државата туку со потпис на претседателот ан Собранието, Талат Џафери, што е противуставно.

Пред ланските избори Левица поднесе и кривична пријава за саботажа против поранешниот претседател на Уставниот суд, Никола Ивановски „заради неосновано чување на предметот во фиока, со што свесно се предизвикани тешко отстранливи последици по уставниот поредок на државата, затоа што овој т.н. закон почна да се применува од институциите, без никаков правен основ за тоа“.

„Укажуваме дека доколку се воспостави пракса законите да влегуваат во сила без неопходниот претседателски потпис, каква што е евидентната намера на Уставниот суд, Македонија ќе заплови во сосем непосакувани и непредвидливи води, од аспект на идни злонамерни повреди на начелото на поделба на власта и владеењето на правото. 
Нормализацијата на овој штетен преседан ќе значи одврзани раце на секоја идна власт, надвор од Уставот, комплетно да го игнорира шефот на државата и целосно да го поткопа воспоставениот правен поредок“, неведуваат од Левица за причините поради кои го спорат овој закон.

„Апелираме уставните судии, барем еднаш во својата кариера, да станат вистински 'чувари на Уставот' и да го надминат својот сервилен однос кон властодршците, носејќи ја единствената правилна мериторна одлука со која ќе го поништат овој екстремно штетен 'закон' кој, според зборовите и на домашната и на европската стручна јавност, комплетно ја парализираше Републиката со својот етно-трибалистички концепт, кој десеткратно го пробива и т.н. Рамковен договор“.

УСТАВНИОТ СУД ЗАКАЖА СЕДНИЦА ЗА „ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ“, ОБЈАВЕН ОД ЏАФЕРИ БЕЗ ПОТПИС НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ По повеќе од...

Posted by Левица on Wednesday, March 17, 2021
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе