Лидерската средба продолжува во понеделник во девет наутро

Скопје, 21 јули 2018 (МИА) - Лидерската средба во скратен формат, со учество на лидерите на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и едно од крилата на Беса, Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами ќе продолжи во понеделник во девет часот наутро, потврдија за МИА од Владата.

Премиерот и лидер на СДСМ упати покана до лидерите на ВМРО- ДПМНЕ, ДУИ и Беса за лидерската во понеделник во девет часот.

Лидерите на четирите партии ќе се обидат да ги испеглаат разликите и да постигнат договор за формирање на ДИК и прашањата поврзани со престојниот референдум, кој треба да се одржи наесен, а чија евентуална можна формулација ја соопшти Заев на првата лидерска во проширен формат  - Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција.

На маса се очекува да бидат ставени и условите на ВМРО-ДПМНЕ - Законот за финансирање на партии, измени во Законот за Влада и измени во Кривичниот законик поврзани со амнестијата.

Учесниците на лидерската средбата во четвртокот не постигнаа договор, но како што изјавија по завршувањето на состанокот за некои прашања се приближиле, но за некои имало потешкотии во изнаоѓање заеднички став. Тие по таа средба порачаа дека очекуваат брзо да се најде решение за сите отворени прашања.

Заев тога потенцира дека компромиси не може да се прават околу стратешките цели на Македонија - влез во ЕУ и НАТО и за амнестијата, додека Мицкоски побара европско однесување не само на зборови, туку со дела.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе