Ливерпул сака спектакуларно засилување од 100 милиони евра

Уругвајскиот фудбалер Дарвин Нуњес би можел да тргне по стапките на сонародникот Луис Суарес и кариерата да ја продолжи во тимот на Ливерпул, пишуваат англиските медиуми наведувајќи дека „црвените“ се подготвени да ѝ платат на Бенфика дури 100 милиони евра со бонуси за неговите услуги.

Иако клубот во моментов е исклучиво фокусиран на договорите на Садио Мане и Мохамед Салах, Ливерпул полека се подготвува за живот по напаѓачкото дуо и во тој поглед се чини дека во Бенфика најде соодветен играч за својот систем на игра.

URL

Уругваецот оваа сезона „експлодира“ во дресот на Бенфика и го привлече вниманието на многу европски клубови, меѓу кои и Манчестер Јунајтед, но Ливерпул е најголемиот фаворит за негово доведување, пишуваат островските медиуми, особено откако клубот остана без претходно планираните засилувања кои ги држеше во тајност.

Нуњес има само 22 години, а минатата сезона постигна 26 гола и беше најдобар стрелец во португалската лига, додавајќи шест гола во Лигата на шампионите.

URL

Најдобар показател за каков играч се работи е тоа што Бенфика за неговите услуги пред две години плати 24 милиони евра на шпанскиот второлигаш Алмерија. Во периодот од 2017 до 2019 година настапуваше за уругвајски Пењарол, а националниот тим дебитираше во 2019 година.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе