Лукаревска: Зголемениот поврат на ДДВ наскоро на собраниска седница

Управата за јавни приходи со посредство на Министерството за финансии ги поднесе измените за мерката МојДДВ за скенирање на фискални сметки со кои се предвидува зголемување на износот што им се дава на граѓаните за поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) и тие сега се во собраниска процедура, потврди денеска директорката на Управата за јавни (УЈП) приходи Сања Лукаревска.

– Веројатно предлогот треба да дојде на редовна седница, бидејќи сега се дискутира за реконструкција на Владата. Кога ќе заврши овој процес, би требало да биде на дневен ред и да го види светлото на денот. Штом таму се донесе таа измена ќе го адаптираме системот и врз основа на тоа ќе враќаме повеќе кај граѓаните, рече Лукаревска во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Преку апликацијата МојДДВ граѓаните имаат можност со скенирање на фискалните сметки да им се врати дел од ДДВ што го платиле за купување на производи. Досега тие на секои три месеци можеа да добијат поврат на ДДВ во максимален износ од 1.800 денари, а со измените ќе можат да добијат до 2.100 денари на три месеци.

Лукаревска прецизира и дека Министерството за финансии до стопанските комори веќе достави драфт верзија на листата на луксузни производи за кои треба да се зголеми данокот на додадена вредност.

– Министерството за финанси во наредниот период ќе треба да ја објави листата на нивната веб-страница. Како носители на овие промени тие ја имаат обврската да ја објават листата на која работи и УЈП, посочи Лукаревска.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе