Луксузниот живот на Првата дама на пеколот: Која е Асма ал Асад?

Ако го погледнете Instagram профилот на првата дама на Сирија ќе видите снимки од претседателската палата, скапа гардероба и егзотични патувања. Ништо од впечатокот што го остава сопругата на сирискиот претседател Башар ал Асад не укажува дека земјата е во крвава граѓанска војна веќе седум години.

Алма и Башар ал Асад и нивните три деца живеат богато и спокојно како и пред почетокот на војната, ако се суди според објавите на првата дама на Instagram.

Сопругата на Асад која ја нарекуваат Прва дама на пеколот, е родена во Велика Британија, а судејќи по фотографиите што ги објавува за нејзините 230.000 следбеници, никој не би рекол дека живее во Сирија.

Кога Асма се омажи за Башар во 2000 година, светот ја обожаваше. Ѝ даде на Сирија ново светло, а народот ја нарекуваше „принцезата Дијана на Блискиот Исток“.

Меѓутоа, мислењето за првата дама почна да се менува во 2012 година кога во документите што ги објави Викиликс беше откриено дека дала 350.000 долари за 130 нови парчиња мебел во време кога во земјата веќе неколку години жареше крвава граѓанска војна.

Во мејловите исто така беше откриено дека купила чифт чевли со кристални потпетици вредни 7.000 долари и барала да бидат пратени преку Дубаи за да ги избегне санкциите што веќе ѝ беа наметнати на Сирија.

Се проценува дека ултрамодерната претседателска палата изградена во 1979 година под дизајнерската палка на јапонскиот архитект Кензо Танге, чинела над 1 милијарда долари. Во еден текст објавен во 1989 година се тврди дека само една соба е обложена со 125.000 мермерни плочки во вредност од 10,6 милиони долари.

Асма ал Асад е родена во 1975 година во Лондон. Нејзините родители се суни миуслимани со потекло од Хомс. Завршила на Кралскиот колеџ и има дипломи за информатика и француска книжевност. Работела во банкарската индустрија, а најистакната функција имала во „Дојче банк“ како аналитичар за хеџ фондови.

Асма се омажи со Башар кога тој имаше 35, а таа 25 години, на тајна венчавка во 2000 година.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе