Мајката на исчезнатата Данка: Само да се врати жива и здрава, потоа ќе одговориме на сè

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, кое исчезна пред точно седум дена во Бањско поле во Бор, Србија, уште трае.

Полицијата постојано ја чешла секоја педа од местото каде што последен пат било видено девојчето, а еден сегмент од истрагата е фокусиран на видеото снимено од српски државјанин во Виена, на кое се гледа девојче кое наликува на исчезнатата Данка. Австриската полиција рече дека „многу е веројатно“ дека девојчето на снимката е Данка и објави фотографии од жените кои се во видеото.

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, првпат по исчезнувањето на Данка даде изјава за порталот Nova.rs. Ивана наведува дека таа и нејзиниот сопруг се заедно, дека секојдневно се борат нивното дете што побрзо да се врати дома, но и дека за неа со денови се објавуваат „бројни небулози“.

„Се држиме колку што можеме, само за да се најде Данка што поскоро, чекаме да заврши сето ова, се надеваме на најдобро, а потоа јас и мојот сопруг јавно ќе се огласиме и ќе одговориме сите навреди, прозивки, небулози. Затоа не се огласуваме. Ме болат сите овие шпекулации, обвинувања до мене и мојот сопруг“, вели Ивана.

„Телефонот ми беше на вештачење, само тоа ќе кажам. Да беше така, немаше да бидам мајка која си го бара детето, статусот ќе ми беше друг. Само Данка да се врати жива и здрава. а потоа ќе зборуваме за сè “, вели Ивана за Nova.rs.

На прашањето дали го гледала видеото од Виена, таа вели дека го гледала.

„Го гледав видеото, но поради текот на истрагата не смеам да коментирам. Секоја чест за полицијата, луѓето не спијат, бараат деноноќно. Се надевам дека што е можно побрзо ќе си го гушнам детето“, вели мајката на исчезнатата Данка.

„Се надевам дека Данка е добро, не сакам ни да размислувам за друга опција“, заклучува Ивана.

реклама

Доаѓа невреме: Пороен дожд и грмежи, силен ветер и град попладнево ќе ја зафатат Македонија

Read more

Кое кафе е поздраво, топлото или ладното?

Read more

Експертите предупредуваат: Летниот одмор на Медитеранот може да стане опасен по здравјето

Read more

Како по природен пат да го намалите лошиот холестерол?

Read more

Регион

Серија земјотреси на Крит утрово, најсилниот со магнитуда од 5,3 степени

Read more

Македонка загина во сообраќајна несреќа кај Лесковац

Read more

Сите археолошки локалитети во Атина се затворени поради високите температури

Read more

Грција воведува кризен данок за производителите на струја

Read more
 

Вести

Загина мотоциклист по судир со возило со холандски таблички во Скопје

Читај повеќе

Следната седмица ќе започне исплатата на повратот на ДДВ

Читај повеќе

На журка кај Бабуна уапсени деветмина, полицијата им нашла дрога

Читај повеќе
  • filter

ЛДП прашува дали Скопје има градоначалник и бара да се искоси тревата и да се средат парковите

Читај повеќе

Во ноќен клуб на патот Тетово-Скопје приведени 8 странски државјанки

Читај повеќе

Драматично предупредување од Европол: Европа е преплавена со дрога, можеме да ја загубиме оваа битка

Читај повеќе

Не полевајте бавчи и не полнете базени, апелира скопски Водовод по регистрирана енормна потрошувачка

Читај повеќе

Серија земјотреси на Крит утрово, најсилниот со магнитуда од 5,3 степени

Читај повеќе

Денес до 40 степени, попладне пороен дожд и грмежи во северните и источните делови

Читај повеќе