Македонците и понатаму се вакцинираат на Белградскиот саем

Освен во Бујановац, Врање, Ниш, македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот Саем, јави дописникот на МИА од Белград.

-На пунктот на белградскиот саем дневно се вакцинираат меѓу 300 и 500 граѓани, а за време на викендите се вакцинираат меѓу 600 и 800 лица, а половината од нив се државјани на Северна Македонија и Босна и Херцеговина, изјави за агенцијата Бета координаторката на пунктот на Саемот, Светлана Мичиќ.

Покрај ревакцинацијата, на белградскиот Саем воглавно се вакцинираат државјани на Северна Македонија кои патуваат во странство.

-Продолжуваме да ги вакцинираме луѓето кои не се жители на Србија, од Босна и Херцеговина и Македонија, но одѕивот од сите овие земји се намалува. Најчесто доаѓаат да се вакцинираат луѓето што патуваат во странство, имајќи предвид дека мерките се засилени во сите земји, да не може да се влезе во ресторан, а ова е многу поекономично, бидејќи преку вакциницијата не треба да се прави ПЦР тест и не мора да се плаќа карантин во тие земји. Предлог е вакцинацијата да не се препорачува, туку да биде задолжителна во многу земји, изјави за Курир д-р Снежана Калабиќ.

На граѓаните на Саемот достапни им се вакцините на Pfizer, AstraZeneca, Sinopharm и Sputnik V со кои можат да се вакцинираат секој ден од 8:30 до 15:30 часот.

Според податоците на Здравствениот центар во Врање, до 23 јули годинава на вакциналниот пункт во Спортсака сала во овој град вкупно со првата доза вакцинирани се 12.006 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 9.392 наши државјани.

реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе