Македонците во просек трошат по 20 евра за онлајн трансакција кај домашните трговци

Скопје, 8 јануари 2019 (МИА) – Трансакции во вредност од 100 милиони евра се направени со платежни картички за купување онлајн во првите три квартали од минатата година, или за 28 проценти  повеќе на истиот период 2017 година. Поединечните трансакции во овој период бележат уште поголем тренд на раст, од 39 проценти, покажува денеска објавеното истражување на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Најголем дел од направените онлајн купувања, односно 63 проценти, биле потрошени за купувања од странски е-трговци или скоро 63,34 милиони евра, наспроти 31,15 милиони евра остварени кон домашните е-трговци кои се 33 проценти. Четири проценти или 3,8 милиони евра од вредноста на трансакциите остварени кон домашни е-трговци се направени од иматели на странски платежни картички. Направените онлајн купувања од имателите на македонски платежни картички кон домашните е-трговци забележува раст од 51 процент во однос на истиот период од 2017 година, додека странците во Македонија потрошиле за 82 проценти повеќе онлајн кај домашните е-трговци. Во податоците од НБРМ за онлајн остварени трансакции се бројуваат и трансакциите за плаќања на сметки за вода, струја, телефон што се реализирани онлајн со платежни картички.

Според истражувањето, онлајн купувањата кон домашните продавачи се менува во позитивен правец за македонските е-продавници. Македонските граѓани трошат просечно 19,7 евра на една онлајн трансакција кога купуваат дома, додека 31,5 евра кога купуваат од странски е-трговци. Можеби зголемената онлајн понуда од домашните е-трговци ќе придонесе кон поголема заинтересираност за онлајн купување од домашните трговци.

– Зголемената и подобра понуда од е-трговците, подобрено искуство и поголеми можности за купувачите се клучни за зголемување на интересот на граѓаните за онлајн купување. Големите компании, исто така, треба да го стават во фокус овој канал за продажба првенствено заради придобивките кои ги овозможува е-трговијата, а со тоа и значајно ќе влијаат и придонесуваат кон раст на е-пазарот, смета Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Воглавно, како што укажува, недостига едукација и доверба, а таа ја градат најмногу домашните компании со нивните понуди, процеси, поддршка за купувачите и целокупно добро искуство кое ќе ги пресретне и надмине очекувањата на купувачите.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе