Македонија се врати на европскиот пат - претстои уште работа

Скопје, 21 април 2018 (МИА) - Долгоочекуваниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија ја врати земјава на патеката кон членството во Европската унија. Чистата препорака за почеток на преговори за влез во Унијата и пофалби за напредокот во реформите и добрососедските односи, лично во Скопје ги донесоа еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

- Земјата и граѓаните ја заслужија безусловната препорака. Членките на ЕУ го признаа сработеното. Овде сум за да ги најавам долгоочекуваните добри вести, да го прославиме успехот по долгите напори за надминување на кризата, истакна Хан на предавањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот Зоран Заев.

Хан рече дека Македонија е цврсто назад на европскиот пат и оти има позитивна промена и обновено чувство на енергија и надеж. Истакна дека Македонија е пример за демократска промена во регионот и оти е импресиониран од направеното во однос на итните реформски приоритети, порачувајќи дека реформите треба да продолжат, особено во судството.

Еврокомесарот оцени дека Македонија и Грција е можно во блиска иднина да најдат решение за спорот со името и оти потребно е да постигнат договор што ќе им служи на интересите и на едната и на другата држава.

Могерини исто така оцени дека земјава се врати назад на добрата патека и оти овој резултат е заеднички на Владата и на опозицијата и тие заедно треба да ги продолжат и следните чекори и да ја преземат одговорноста за тоа.

Следно ниво, порача Могерини, е имплементација на реформите и на обврските што ги презедовте, како и враќањето на довербата на луѓето во институциите.

Таа порача да продолжат преговорите со Грција за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение за што изрази надеж дека ќе се случи наскоро.

Заев, кој беше домаќин на високите европски претставници, побара ЕУ да остане фокусирана на Македонија и најави дека Владата ќе продолжи со потребните реформи.

Нагласи дека интеграцијата во ЕУ и НАТО е врвен и стратешки интерес на Македонија. Рече дека добиената чиста препорака е силен мотив за достигнување на тешката, но достижна цел - почнување на преговорите за членство во ЕУ, за кои очекува датум во јуни годинава.

Македонија во изминатата година направи прогрес во исполнувањето на политичките, економските и демократските критериуми, оценува Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјата врз основа на кој препорача да почнат преговорите за нејзино членство во ЕУ.

Во делот на политичките критериуми се наведува дека државата конечно ја надмина најсериозната политичка криза од 2001 година. Тешкотиите во процесот на формирање на новата Влада кулминираа на 27 април 2017 година со нападите во Парламентот што беше најостро осудено од страна на меѓународната заедница. Насилствата во Собранието беа напад врз демократијата и треба да биде утврдена одговорноста за тоа, укажува ЕК.

Меѓуетничките односи остануваат чувствителни. Севкупно ситуацијата е мирна, но повремени инциденти и изјави предизвикуваат тензии. Новата Влада покажа заложба за справување со предизвиците на овој план, преку подобрување на меѓуетничките односи, зголемување на довербата меѓу заедниците и спроведување на Охридскиот договор.

Демократското владеење е подобрено. Новата Влада презеде чекори за ослободување на „заробената држава“ преку повеќе транспарентни чекори. Покажа политичка волја да ја спроведе реформската агенда потребна за приближување кон ЕУ. Граѓанското општество продолжува да игра конструктивна улога во поддршка на демократските процеси и поголема транспарентност.

Европската комисија во извештајот за напредокот на Македонија ја оценува јавната администрација како умерено подготвена во однос на стандардите на ЕУ.

Во однос на борбата против корупцијата и организираниот криминал, ЕК и во оваа сфера костатира дека е постигнат напредок. Постои правна и институционална рамка иако се уште недостасува финализирање на случаите на повисоко ниво на корупција во судовите. Корупцијата останува присутна во повеќе области и продолжува да биде сериозен проблем. Институциите задолжени за борба против корупцијата покажуваат одредени слабости, а ризик остануваат и политичките влијанија. Земјата има усвоено европски стандарди за борба против организираниот криминал, но мора да продолжат напорите за нивна имплементација.

Направен е добар прогрес во слободата на изразување, особено во подобрувањето на климата за работа на медиумите и намалување на притисокот врз новинарите, констатира ЕК во извештајот за напредокот на Македонија.

Медиумите и новинарите од средината на минатата година можат послободно да го критикуваат несоодветното однесување на официјалните претставници, без цензура. Во консултација со разни чинители подготвен е Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

ЕК укажува дека, сепак, неопходно е натамошно подобрување, вклучувајќи и реформа на јавниот радиодифузен сервис и поголема заштита на новинарите и нивните права.

Во делот за почитување на основните права, ЕК констатира дека постои правна и институционална рамка за заштита на основните права, но неопходни се реформи за натамошно усогласување со европските стандарди за заштита на човековите права.

Македонија одржува добри односи со другите држави во регионот и активно учествува во регионалните иницијативи. Направени се значајни чекори за подобрување на добрососедските односи, особено со склучувањето на билатералниот Договор за добрососедство со Бугарија и градењето доверба со Грција, оценува ЕК во најновиот извештај за напредокот на земјата.

Извештајот на ЕК за напредокот на земјата и чистата препорака за почеток на преговори е резултат на сработеното во речиси сите области. Во изминатите два извештаја поради политичката криза, препораката беше суспендирана и условена со демократски реформи.

Годинава, препораката е чиста и безусловна, со што Македонија, како што рече премиерот Заев, го исполни основниот демократски критериум за почеток на преговори.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе