Македонски Телеком ја пушти првата комерцијална 5G мрежа во државава

Македонски Телеком денес ja пушти првата комерцијална 5G мрежа во државава  и овозможи користење на 5Г услуги паралелно и во комбинација со 4G, со напредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции.

Со 5G сигнал се покриени 15 градови и нивните околини: Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Битола, Прилеп, Крушево, Охрид, Струга, Ресен, Струмица, Радовиш, Гевгелија и Дојран.

Никола Љушев, извршен директор на Телеком на прес-конференција информираше дека од овој месец започна имплементацијата на 5G во Скопје и околината, а до мај, сите корисници од главниот град и поширокиот скопски регион ќе имаат пристап до ваквите услуги. До крајот на октомври 2022 година, со опрема од најновата генерација најавува дека ќе бидат покриени 26 градови во државава.

– Пред три години ги почнавме првите подготовки за технологијата на петтата генерација, а денес ја имаме првата комерцијална 5G мрежа. Изминатите години се подготвувавме, инвестиравме, тестиравме, градевме и зборувавме за иднината,  сега можеме да кажеме дека 5G е тука. Го исполнивме еден од најважните предуслови за четвртата индустриска револуција, а со добивањето на новите 5G радиофреквенции, оваа технологија ќе го достигне својот вистински потенцијал, а нашите корисници ќе ги добијат брзините кон кои целиме, рече Љушев.

Од Телеком велат дека се подготвени да овозможат супер брз гигабитен мобилен интернет, веднаш по завршувањето на процесот за доделување на радиофреквенции за радио опсезите на 700MHz и 3.6GHz од страна на Агенцијата за електронски комуникации.

Засега, 5G ќе имаат корисниците коишто се наоѓаат во градовите што се покриени со 5G, во согласност со тарифите што ги користат, и коишто имаат некој од следните соодветно сертифицирани 5G уреди: Samsung S21, Xiaomi 11 Lite NE и Motorola Edge 20 Lite. Процесот на 5G сертификација со Apple се очекува да заврши во текот на второто тромесечие од годината.

Можностите на 5G технологијата ќе бидат достапни во тарифите: Ultra – вклученo во претплатата, без потреба од активација, Magenta 1 Unlimited и Mobile Unlimited без дополнителен надомест, со активација на услугата преку апликацијата TelekomMK. Во промотивниот период, 5G ќе може да се активира без дополнителен надомест и кај корисниците на Magenta 1 M и Mobile M преку апликацијата TelekomMK. Пристапот на 5G мрежата ќе биде овозможен без дополнителен надомест и за деловните корисници, во тарифите Magenta1 Business L / Business L и Business XL / XXL со автоматска активација, а за корисниците на Magenta1 Business M и Business M со активација преку апликацијата TelekomMK.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе