Едномоторниот мал авион Lancair IV-P ја промашил пистата при слетување на аеродром во МекКини, Тексас, а потоа се излизгал и удрил во автомобил кој минувал на блиската патека.
Видеото од несреќата го снимил минувачот Џек Снајдер, а на него се гледа како авионот поминува низ ограда за време на итното слетување.
„Го видов авионот како брзо се спушта и знаев дека нема да има време да застане“, изјави Шнајдер за локалната телевизија WFAA-TV во саботата.
„Очигледно беше дека оди пребрзо. Од гумите излегуваше чад!“, раскажува тој.
Возачот на автомобилот со полесни повреди е пренесен во болница, додека двете лица во авионот не се повредени, јавува BBC.