Малер ја заврши истрагата за вмешаноста на Русија во изборите во САД

Специјалниот обвинител Роберт Малер ја заврши истрагата за можната вмешаност на Русија во американските избори во 2016 година и наводниот заговор на кампањата на претседателот Доналд Трамп со Москва, по што синоќа го предаде извештајот до јавниот обвинител на САД, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Министерството за правда на САД соопшти дека јавниот обвинител Вилијам Бар го проучува извештајот и ќе го информира Конгресот за резултатите од истрагата во „текот на овој викенд“.

Во писмо до сенаторите јавниот обвинител укажа дека тој ќе оцени „каква информација од извештајот може да биде обелоденета за Конгресот и за јавноста во рамките на законот“.

Белата куќа, од своја страна, информира дека не го добила извештајот на Малер.

„Следните чекори зависат од јавниот обвинител и со нетрпение чекаме процесот да оди по својот ред“, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Трамп во меѓувреме синоќа замина на викенд во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида, од каде неговите адвокати, Џеј Секулоу и Руди Џулијани изјавија дека „се задоволни за запазената процедура во предавањето на документите до јавниот обвинител.

„Јавниот обвинител ќе укаже кои се следните соодветни чекори“, се вели во изјавата на адвокатите.

Со ова, конечно заврши речиси двегодишната политичка сага со истрагата на Малер.

Резултатот се обвиненија за триесеттина лица од кои половината се поранешни соработници во кампањата на Трамп од 2016 година, а другата половина се руски државјани, агенти на руското воено разузнавање ГРУ, како и три руски компании. Петмина од поранешните соработници на Трамп веќе ја признаа својата вина, а тројца од нив, Мајл Коен, Пол Манафорт и Џорџ Пападопулос се осудени за повеќе кривични дела, како финансиски малверзации и лажење пред Конгресот.

Манафорт и Коен добија повеќегодишни затворски казни, а Пападопулос беше казнет само 14-дневен затвор за лажење на Федералното истражно биро (ФБИ).

Завршувањето на истрагата значи дека нема да има повеќе обвиненија. Во текот на истрагата, Трамп ниту еднаш не беше испрашан од Малер.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе